Копирање содржина од Вашиот стар уред
Сакате да преместите важни податоци од Вашиот стар уред и да започнете со
брза употреба на новиот уред? Користете ја апликацијата Пренос на телефон за
да преместите, копирате, на пример, контакти, записи од календарот и слики на
Вашиот нов уред, бесплатно.
Одберете
Menu
>
Applications
>
Tools
>
Switch
.
Ако Вашиот стар Nokia уред ја нема апликацијата Пренос на телефон, Вашиот нов
уред ја испраќа во порака. Отворете ја пораката на стариот уред и следете ги
упатствата.
1 Одберете го типот на конекција што сакате да го користите за префрлување
на податоците и поврзете ги уредите. И обата уреда мора да го поддржуваат
типот на поврзување кој ќе го одберете.
2 На Вашиот уред, одберете ја содржината што сакате да ја префрлите од
другиот уред.