Слушалки
Можете да поврзете компатибилни слушалки за телефон или обични слушалки
на Вашиот телефон.
Не поврзувајте производи кои што произведуваат повратен сигнал бидејќи тоа
може да го оштети уредот. Не поврзувајте никаков извор на напон во Nokia AV
конекторот. Ако во Nokia AV конекторот поврзувате надворешен уред или
слушалки, различни од оние што се одобрени од Nokia за користење со овој уред,
обрнете посебно внимание на нивото на јачината на звук.