Nokia C5 03 - Акции на екранот на допир

background image

Акции на екранот на допир

Отворање апликација или друг елемент на екранот
Еднаш допрете ја апликацијата или елементот.
За да ги погледнете опциите достапни за отворениот објект, одберете

Options

или, ако е достапно, одберете некоја икона од лентата со алатки.

Брз пристап до функциите
Допрете и задржете го објектот. Се отвора мени што се појавува со достапните

опции. На пример, за да испратите некоја слика, допрете и задржете ја сликата и

од менито што се појавува одберете ја соодветната опција.

14

За почеток

background image

Совет: За да ги видите опциите коишто се достапни за отворениот објект, на

пример слика или видео клип, допрете го екранот.

Одбирање
Во оваа документација за корисникот, отворањето на апликациите или објектите

со нивно допирање се нарекува „одбирање“. Ако треба да одберете неколку

објекти во секвенца, објектите во менито за одбирање се одделени со стрелка.
На пример, за да одберете

Options

>

Help

, допрете

Options

, а потоа допрете

Help

.

Влечење на објект
Допрете и задржете го објектот и движете го Вашиот прст низ екранот. Објектот

го следи Вашиот прст.
За да лизгате горе или долу на web страница, повлечете ја страницата со Вашиот

прст.

Повлекување
Поставете прст на екранот и стабилно движете го Вашиот прст во посакуваната

насока.

Кога гледате слика, за да ја видите следната или претходната слика, повлечете

ја сликата лево или десно, соодветно.

Движење
За да се движите нагоре или надолу по листите кои имаат лента за движење,

повлечете го лизгачот на лентата за движење.

Поставете го Вашиот прст на екранот, лизгајте го бргу нагоре или надолу на

екранот, потоа подигнете го Вашиот прст. Содржината на екранот се движи со

онаа брзина и правец која ја имала во моментот на отпуштање. За да одберете

објект од листа на движење и да го запрете движењето, притиснете на објектот.

За почеток

15

background image

Совет: За да видите краток опис на некоја икона, поставете го прстот на иконата.

Не се достапни описи за сите икони.

Светло на екранот на допир
Светлото на екранот на допир е исклучено по определен период на неактивност.

За да го вклучите светлото на екранот, допрете го екранот.
Ако екранот на допир и копчињата се заклучени, допирање на екранот нема да

го вклучи светлото.