
Вметнување на SIM картичката и батеријата
Безбедно отстранување. Секогаш исклучете го уредот и отстранете го полначот
пред да ја отстраните батеријата.
Важно: Овој уред е направен за употреба само со стандардна SIM картичка
(види слика). Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката. Консултирајте се со мобилниот оператор за употребата на SIM
картичка што има мини-UICC исечок.
SIM картичката може веќе да е вметната во уредот. Доколку не е, сторете го
следново:
1 Отстранете го задниот поклопец.
2 Отстранете ја батеријата, ако е вметната.
3 Придвижете го држачот за SIM картички за да го отклучите.
6
За почеток

4 Подигнете го држачот на SIM картичката.
5 Проверете дали областа за контакт на SIM картичката е свртена кон уредот и
лизнете ја во држачот за SIM картички.
6 Вратете го назад држачот на SIM картичката. Лизнете го држачот за SIM
картички за да го заклучите.
7 Подредете ги контактите на батеријата и вметнете ја батеријата.
За почеток
7

8 За да го замените поклопецот, насочете ги горните делови за заклучување
кон нивните места и притиснете се додека поклопецот не се заклучи на своето
место.
Доколку SIM картичката не е соодветно поставена, уредот може да се користи
само во offline профил.