Nokia C5 03 - Полнење на батеријата

background image

Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но можеби ќе треба

повторно да ја наполните пред да можете да го вклучите Вашиот уред за првпат.

Ако уредот покажува дека има малку енергија, направете го следново:

1 Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.
2 Поврзете го полначот со уредот.

3 Кога уредот покажува дека е целосно наполнет, исклучете го полначот од

уредот, а потоа од ѕидниот штекер.

Нема потреба да ја полните батеријата определен период на време, можете и да

го користите уредот додека се полни. Ако батеријата е целосно испразнета, може

да потрае неколку минути пред индикаторот за полнење да се појави на екранот

или пред да можат да се направат било какви повици.

Совет: Откачете го полначот од ѕидниот штекер кога не полначот не е во

употреба. Полначот кој е поврзан со штекерот троши енергија дури и кога не е

поврзан со уредот.

USB полнење

Можете да го користите USB полнењето кога не е достапен некој ѕиден штекер.

Можете да пренесувате податоци додека го полните уредот. Ефикасноста на

полнењето преку USB кабел значително се разликува и може да биде потребно

многу долго време за полнењето да започне и уредот да почне да функционира.

10

За почеток

background image

1 Користете компатибилен USB кабел за податоци за да го поврзете Вашиот

уред со компатибилен USB уред.
Во зависност од типот на уредот што се користи за полнење, може малку да

потрае додека полнењето да започне.

2 Ако уредот е вклучен, одберете го соодветниот USB режим.

Вашиот уред поврзувајте го само со производи коишто го имаат USB-IF логото.