Возила
Радио сигналите може да влијаат на неправилно инсталираните или несоодветно заштитените електронски системи
во моторните возила како што се електронските системи за вбризгување на горивото, електронските системи за
спречување на блокирањето при кочење, електронските системи за контрола на брзината и системите на воздушните
перничиња. За повеќе информации, проверете со произведувачот на Вашето возило или неговата опрема.
Само квалификуван персонал смее да го инсталира уредот во возило. Неправилната инсталација или сервис може да
бидат опасни и може да ја направат невалидна Вашата гаранција. Редовно проверувајте дали целата опрема на
безжичниот уред во Вашето возило е правилно поставена и правилно работи. Не чувајте и не пренесувајте запаливи
течности, гасови или експлозивни материјали во истиот оддел со уредот, неговите делови или додатоци. Запомнете
126 Информации за производот и безбедноста
дека воздушните перничиња се надувуваат со огромна сила. Не ставајте го Вашиот уред или додатоците на областа
за отворање на воздушните перничиња.