За WLAN
За да користите безжичнa LAN (WLAN) конекција, таа мора да е достапна во Вашата
локација, и Вашиот уред мора да е поврзан со WLAN мрежата. Некои WLAN мрежи
се заштитени, и потребен Ви е клуч за пристап од обезбедувачот на услуги за да
се поврзете со нив.
Конективност
87
Забелешка: Користењето WLAN може да биде ограничено во некои земји. На
пример, во Франција, дозволено е користење WLAN само во затворен простор. За
повеќе информации, контактирајте ги Вашите локални власти.
Карактеристиките кои користат WLAN или на кои им е дозволено да работат во
позадина додека се користат други карактеристики, ја зголемуваат
побарувачката на енергија од батеријата и го намалуваат работниот век на
батеријата.
Вашиот уред ги поддржува следниве WLAN карактеристики:
•
IEEE 802.11b/g и WAPI стандарди
•
Работа на 2.4 GHz
•
Wired equivalent privacy (WEP) со клучеви до 128 bits, Wi-Fi заштитен пристап
(WPA), и 802.1x методи за аутентификација. Овие функции може да се користат
само ако се поддржани од мрежата.
Важно: Користете шифрирање за да ја зголемите безбедноста на Вашата WLAN
конекција. Користењето на шифрирање го намалува ризикот од пристапот до
Вашите податоци од страна на други лица.