За Bluetooth конективноста
Со Bluetooth конективноста, можете да направите безжична конекција со друг
компатибилен уред, како што се мобилни уреди, компјутери, слушалки и сетови
за во автомобил.
Можете да ја користите конекцијата за да испратите објекти од Вашиот уред,
префрлате датотеки од Вашиот компатибилен PC и да печатите датотеки со
компатибилен печатач.
Одберете
Menu
>
Settings
и
Connectivity
>
Bluetooth
.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија комуницираат користејќи
радио бранови, тие не мора да бидат во директна линиска врска. Како и да е, тие
мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33 стапки) еден од друг, иако
конекцијата може да биде попречена од некои пречки како што се ѕидови или
други електронски уреди.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги
поддржува следниве профили: Advanced Audio Distribution, Audio/Video Remote
Control, Basic Imaging, Basic Printing, Device ID, Dial-up Networking, File Transfer,
Generic Audio/Video Distribution, Generic Access, Generic Object Exchange,
Handsfree, (Human Interface Device) Headset, Object Push, Phone Book Access,
94
Конективност
Serial Port, и SIM Access . За да осигурате интеропратибилност помеѓу другите
уреди што поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци за овој модел
што се одобрени од Nokia. Проверете со производителите на другите уреди за да
ја утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Кога уредот е заклучен, можни се само конекции со овластени уреди.