Nokia C5 03 - За начините на позиционирање

background image

За начините на позиционирање
Мапи ја прикажуваат Вашата локација на мапата користејќи GPS, A-GPS, WLAN или

мрежно позиционирање (идентификација на ќелија).

A-GPS и другите подобрувања на GPS може да бараат пренос на мало количество

податоци преку мобилната мрежа.

Мапи

75

background image

GPS

GPS (Global Positioning System - Глобален систем за

позиционирање) е систем за навигација што користи сателити

за да одреди каде се наоѓате.

А-GPS

Помошната GPS (A-GPS) мрежна услуга повраќа информации

за локација користејќи ја мобилната мрежа и помага на GPS

при пресметувањето на Вашата моментална локација.

Телефонот е поставен за да ја користи услугата Nokia A-GPS,

освен во случајот ако мрежниот оператор на услуги има свои

прилагодувања за A-GPS. За да ги добиете помошните

податоци на телефонот мора да можете да се поврзете на

интернет. Телефонот ги добива податоците од услугата само

кога е потребно.

WLAN

Позиционирањето со WLAN ја подобрува прецизноста на

позиционирањето кога GPS сигналите не се достапни,

особено кога сте во затворен простор или помеѓу високи

згради.

Идентификација

на ќелија

Со позиционирањето основано на мрежа (идентификација на

ќелија), Maps ја одредува Вашата локација преку мобилниот

систем на којшто телефонот моментално е приклучен.

На достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да влијаат Вашата локација,

положбата на сателитите, зградите, природните пречки, временските услови и

прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата на Соединетите

Американски Држави. GPS сигналите можат да бидат недостапни во

внатрешноста на згради или под земја.

Не користете GPS за прецизни мерења на локации и никогаш не потпирајте се

исклучиво на информациите за локацијата обезбедени од GPS и мобилните

мрежи.

Мерачот на патот може да биде неточен, во зависност од достапноста и

квалитетот на Вашата GPS конекција.

Забелешка: Користењето WLAN може да биде ограничено во некои земји. На

пример, во Франција, дозволено е користење WLAN само во затворен простор.

По 1. јули 2012 година, ограничувањата за надворешна употреба на WLAN во

Франција ќе бидат повлечени. За повеќе информации, контактирајте со Вашите

локални власти.

Во зависност од достапните начини за позиционирање, прецизноста на

позиционирањето може да се разликува од неколку метри до неколку километри.

76

Мапи