Гласовно бирање
Вашиот уред автоматски креира гласовна ознака за контактите.
Преслушајте гласовна ознака за контакт
1 Одберете контакт и
Options
>
Voice tag details
.
2 Одете до некој детаљ за контактот и одберете
Options
>
Play voice tag
.
Остварете повик со гласовен запис
Забелешка: Користењето на гласовни ознаки може да биде тешко во бучно
опкружување или за време на итен случај, затоа не можете да се потпрете
исклучиво на гласовно бирање во сите околности.
Кога го користите гласовното бирање, се користи звучникот. Држете го уредот
на кратко растојание кога ќе го изговорите гласовниот запис.
1 За да започнете гласовно бирање, во почетниот екран, притиснете и
задржете го копчето за повикување. Доколку користите компатибилни
слушалки со копчето прикачено на слушалката, притиснете и задржете го
копчето на слушалката за да започнете гласовно бирање.
2 Се слуша краток тон, и
Speak now
се покажува на екранот. Јасно изговорете
го името кое што е зачувано за контактот.
3 Уредот репродуцира синтетизиран гласовен запис за препознаениот контакт
во избраниот јазик на уредот и се покажува името и бројот. За да го откажете
гласовното бирање, одберете
Quit
.
Доколку неколку броеви се зачувани за некое име, можете исто така да го
изговорите името и типот на бројот, како што се мобилен или фиксен.