Виртуелна тастатура
Со виртуелната тастатура (
Alphanumeric keypad
), можете да внесувате знаци како
што би го правеле тоа со традиционална тастатура со броеви на копчињата.
Изгледот на виртуелната тастатура може да се разликува во зависност од
одбраниот јазик на пишување.
32
Пишување текст
1 Затвори - Ја затвора виртуелната тастатурата (
Alphanumeric keypad
).
2 Мени за внесување - Го отвора менито за внесување со допир, коешто
вклучува команди како што се
Activate predictive text
и
Writing language
. За
да додадете икона со емоции, одберете
Insert emoticon
.
3 Индикатор за внесување на текст - Отвора нов прозорец, во кој можете да го
активирате или деактивирате режимот на предвидливиот текст, да ја
промените големината на буквите и да се префрлате помеѓу режимите на
букви и броеви.
4 Режим на внесување - Отвора прозорец кој излегува, во кој можете да
одберете режим на внесување. Кога ќе допрете некој објект, приказот на
тековниот режим на внесување се затвора и одбраниот се отвора.
Достапноста на режимите на внесување може да варира во зависност од тоа
дали автоматскиот режим на внесување (прилагодувања на сензорот) е
активиран или не.
5 Копчиња со стрелки - Скролувајте лево или десно.
6 Копче за бришење
7 Броеви
8 Ѕвезда - Отвора табеле со специјални знаци.
9 Shift - Ја променува големината на буквите, ги активира или деактивира
режимите на предвидлив текст, и се префрлува помеѓу режими на букви и на
броеви.
Пишување текст
33