Предвидливо внесување на текст
Со предвидливото внесување на текст, за да внесете збор, одберете едно копче
со број за секоја буква во зборот. Предвидливиот начин на внесување на текст се
базира врз вграден речник во кој можете да додавате нови зборови.
Предвидливото внесување на текст не е достапно за сите јазици.
1 За да го активирате предвидливото внесување текст, одберете
>
Activate prediction
.
2 Напишете збор. На пример, за да напишете „Nokia“ кога е одбран англискиот
речник, одберете 6 за N, 6 за o, 5 за k, 4 за i, и 2 за a.
Предлогот на зборови се менува после секое одбирање на копче.
3 Ако зборот не е точен, одберете * постојано додека не е прикажан правилниот
збор. Ако зборот го нема во речникот, одберете
Spell
, внесете го зборот со
користење на начинот за традиционално внесување на текст и одберете
OK
.
Ако ? е прикажан по зборот, зборот не е во речникот. За да додадете збор во
речникот, одберете *, внесете го зборот со користење на начинот за
традиционално внесување на текст, и одберете
OK
.
4 За да вметнете интерпункциски знак, одберете *.
5 За да вметнете празно место, одберете 0.