Совети за креирање на GPS конекција
Проверете го статусот на сателитскиот сигнал
Одберете
Menu
>
Applications
>
Location
и
GPS data
>
Options
>
Satellite
status
.
Ако Вашиот уред има пронајдено сателити, се прикажува по една црта за секој
сателит во приказот за информации за сателити. Колку повеќе има црти, толку
појак е сигналот на сателитот. Кога Вашиот уред има примено доволно податоци
од сигналот на сателитот за да ги пресмета координатите на Вашата локација,
бојата на цртите се менува.
На почетокот Вашиот уред мора да прими сигнали од најмалку четири сателити
за да може да ја пресмета Вашата локација. Кога ќе се направи првичната
пресметка, можно е да продолжи со пресметување на Вашата локација со три
сателити. Како и да е, прецизноста општо е подобра кога ќе се пронајдат повеќе
сателити.
За да ја прикажете позицијата на пронајдените сателити, одберете
Chg. view
.
Ако не е пронајден ниту еден сателитски сигнал, имајте го предвид следново:
•
Ако сте во затворена просторија, излезете на отворено за да примите подобар
сигнал.
•
Ако сте надвор, поместете се на поотворено место.
•
Ако временските услови се лоши, тоа може да влијае на јачината на сигналот.
•
Некои возила имаат затемнети (атермиски) прозорци, кои можат да ги
блокираат сателитските сигнали.
Осигурајте се дека антената не ја покривате со раката.
Позиционирање (GPS)
69
Воспоставувањето на GPS конекција може да потрае од неколку секунди до
неколку минути. Воспоставувањето на GPS конекција во возило може да потрае
подолго.
GPS приемникот ја црпи својата енергија од батеријата на уредот. Користењето
на GPS може побргу да ја потроши батеријата.