Кодови за пристап
PIN или PIN2 код
(4-8 цифри)
Овие ја штитат Вашата SIM картичка од неовластена
употреба или се потребни за пристап до некои функции.
Можете да го поставете Вашиот телефон да бара PIN код
кога го вклучувате.
Пронајди помош 119
Ако кодот не Ви е доставен со Вашата SIM картичка или ги
заборавивте кодовите, контактирајте го Вашиот
обезбедувач на услуги.
Ако три пати по ред погрешно го внесете кодот, потребно
е да го одблокирате кодот со PUK или PUK2 кодот.
PUK или PUK2 код
(8 цифри)
Овие се потребни за да го одблокирате PIN или PIN2 кодот.
Ако кодовите не Ви се доставени со Вашата SIM картичка,
контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги.
IMEI број
(15 цифри)
Ова се користи за идентификација на важечките телефони
во мрежата. Бројот, исто така, може да се користи за
одблокирање, на пример, на украдени телефони.
За да го видите Вашиот IMEI број, бирајте *#06#.
Код за
заклучување
(безбедносен код)
(минимум 4 цифри
или знаци)
Ова Ви помага да го заштитите Вашиот телефон од
неовластена употреба.
Можете да го поставете Вашиот телефон да бара код за
заклучување кој што ќе го дефинирате.
Новиот код чувајте го во тајност и на безбедно место,
подалеку од Вашиот телефон.
Ако го заборавите кодот и Вашиот телефон е заклучен,
телефонот морате да го однесете на сервис. Можат да се
применат дополнителни трошоци и можно е сите лични
податоци во Вашиот телефон да бидат избришани.
За повеќе информации, контактирајте со точка на Nokia
Care или со продавачот на телефонот.