Мои видеа
Мои видеа е место за складирање за сите видео клипови во апликацијата Видео
центар. Можете да ги листате даунлоадираните видео клипови и видео клиповите
што се снимани со камерата на телефонот во одделни прикази.
1 За да отворите некоја папка и да гледате видео клипови, одберете ја папката.
Кога некој видео клип е пуштен, за да ги користите контролните копчиња за
контролирате плеерот, допрете го екранот.
2 За менување на јачината на звукот, притиснете го копчето за јачина на звук.
Одберете
Options
и од следниве опции:
Find — Пронајдете некој видео клип. Внесете некој термин за пребарување кој
што одговара на името на датотеката.
Memory status — Прикажете ја количината на слободна и искористена меморија.
Sort by — Сортирање на видео клипови. Одберете ја саканата категорија.
Одберете и задржете видео клип и од менито што се појавува, одберете од
следното:
Resume download — Продолжете паузиран или неуспешен даунлоад.
Cancel download — Откажување даунлоад.
Video details — Прикажување информации за видео клип.
Move and copy — Преместите или копирајте видео клипови. Одберете
Copy
или
Move
и саканата локација.
64
Nokia видео центар